Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Оштетени 66 куќи во населбата „Тоде Мендол“ за време на полициската акција

Актуелно

Оштетени 66 куќи во населбата „Тоде Мендол“ за време на полициската акција

Шеесет и шест куќи и 121 семејство што живее во кумановската населба „Тоде Мендол“ претрпеле материјална штета за време на полициската акција изминатиот викенд.

Ова се првичните проценки на комисијата за проценка на штети, составена од владини претставници и претставници од Општина Куманово.

Станува збор за првичен список, информираше секретарот на општината Валентина Алексовска, кој е проследен до Владата и до општината.

Врз основа на утврдениот првичен список Општина Куманово ги додели унифицираните 125 пакети со храна и хигиенски производи до претставниците на месната заедница „Тоде Мендол“ кои, пак, додаде таа, треба да им ги поделат на жителите од засегантото подрачје.

Проценката на оштетените објекти и имотот на жителите во засегнатото подрачје продолжува и наредните денови.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.