Актуелно
Собраниска седница за избор на нови министри за внатрешни и за транспорт
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја одржи 50-та седница на која на дневен ред е Предлогот за избор на нови членови на Владата.
Седницата беше закажана откако синоќа премиерот Никола Груевски до законодавниот дом достави предлог нови министри за внатрешни работи и за транспорт и врски да бидат Митко Чавков и Владо Мисајловски.
Претходно Груевски ги прифати оставките на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и на министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски, како и на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков.


