Актуелно
Осмата „бомба“ на СДСМ ги открива изборните нерегуларности: Заев побара преодна влада
ФОТО: YouTube Screenshot
Во неколку поединечни објавувања на телефонски разговори може да се слушнат разговори за печатење на лични карти пред изборите, злоупотреби на изборен материјал, притисоци, поништување на гласање, организирање на гласање од страна на починати лица итн.
Како што велат од опозицијата, пренесува Радио Слободна Европа, објавените телефонски разговори се меѓу министерката за внатрешни работи Јанкулоска, министерот за транспорт и врски Јанакиески, заменик министерот за образование Спиро Ристовски, вицепремиерот Зоран Ставрески, директорот на УБК Сашо Мијалков, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, како и други соговорници кои зборуваат за изборни манипулации.


![2329EA07-1EF6-4073-9362-779145D08431_mw1024_s_n[1]](http://www.popularno.mk/wp-content/uploads/2015/03/2329EA07-1EF6-4073-9362-779145D08431_mw1024_s_n1.jpg)

