Шоубиз
Прекинат концертот на Карлеуша поради дојава за бомба
Српската пејачка Јелена Карлеуша (43) одржа концерт во Бања Лука, а пред самиот крај на настапот, кој ниту дождот не можеше да го спречи, пристигнала анонимна дојава за бомба.
Според босанските медиуми, пријавата била примена десет минути пред полноќ, по што бил извршен увид и било констатирано дека нема опасност.
– Карлеуша ја најави последната песна и ја отпеа. Потоа влезе полицијата и ги евакуираше сите – изјавил за „Независне“ посетител на концертот.




