Актуелно
Осумнаесет повредени во 38 сообраќајки за 4 дена во Скопје
Осумнаесет лица се здобиле со телесни повреди во вкупно 38 сообраќајни несреќи на подрачјето на Скопје евидентирани од сообраќајната полиција во изминатите четири дена.
Во четврток, на 28 мај, извршен е увид на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, три се со последица материјална штета и три се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило и еден пешак.
Во петок, на 29 мај, извршен е увид исто така на вкупно шест сообраќајни незгоди. Од нив, две се со последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле возач на патничко возило, двајца сопатници, двајца пешаци, возач на мопед и возач на мотоцикл.



