Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Овој Бадник без отворени огнови

Вести

Овој Бадник без отворени огнови

Овој Бадник без коледарски огнови поради загадениот воздух е апелот на општините кои годинава одлучија да се забрани доделување на дрва за оваа намена.

Од Град Скопје апелираат граѓаните да се воздржат од палење огнови на јавни места поради екстремната загаденост на воздухот.

Со официјално соопштение за коледарските огнови излегоа и од општина Аеродром. Годинава нема да има финансирање на дрва за прославата, велат од општината. Сличен апел испрати и општина Центар која парите за дрва ќе ги пренасочат кон ново зеленило и социјални случаи.

Претходно и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов за време на традиционалното собирање на бадникови гранчиња на Водно апелираше да не се палат огнови на отворено завреме на Бадник.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.