Актуелно
БОГ СЕ ЈАВИ: Ден кога водите стануваат осветени и лековити
Денеска, православните верници го слават празникот Водици, познат и како Богојавление.
Овој христијански празник го обележува крштевањето на Исус Христос во реката Јордан од страна на Свети Јован Крстител. Според христијанското учење, крштевањето претставува духовно раѓање и почеток на човековото живеење во верата.
Верувачката обредност се изведува преку потопување во вода, при што верникот излегува измиен од гревовите. Кумот, т.е. духовниот родител на крстениот, има посебно важна улога и е сметан за најблизок роднина.



