Актуелно
ПЕКОЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ: Во Скопје, Штип и Гевгелија најтопло со 40 степени
Максималната температура од 40 степени денеска е измерена во Скопје, Штип и Гевгелија. Во Демир Капија се измерени 39, во Струмица и Тетово 38, во Битола, Прилеп и Виница 37, Крива Паланка, Тополчани и Претор 36, Пожаране 35, Берово и Охрид 34 и во Маврово и Лазарополе 30 степени.
Според информацијата од Управата за хидрометеоролошки работи до крајот на денот времето ќе биде малку до умерено облачно со слаб до умерен северозападен ветер, а долж Повардарието повремено ветерот ќе се засилува.
Времето утре ќе биде променливо облачно и малку посвежо време. Ќе има сончеви и периоди со повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат застапени во планинските подрачјано претежно ќе бидат во утринските и во доцните вечерни часови.


