Актуелно
Времето денеска: Посвежо со развој на нестабилна облачност со дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно и малку посвежо. Ќе има сончеви и периоди со повремени локални и краткотрајни врнежи од дожд кои наместа ќе бидат проследени со грмежи, особено повеќе ќе бидат застапени во планинските подрачја но претежно ќе бидат во утринските и во доцните вечерни часови.
Ке дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а долж Повардарието повремено ќе се засилува.
Утрнската температура во земјава ќе биде во интервалот од 14 до 21, а највисоката се очекува да достигне од 33 до 38 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.



