Актуелно
Пијан функционер осомничен за предизвикување сообраќајка во Тафталиџе
Теренско возило „туарег“ со скопски регистерски таблички ноќеска во скопската населба Тафталиџе удрило во неколку возила, а според полициски извори станува збор за заменик-министер кој до 2 часот не бил пронајден, а според очевидци тој наводно бил во алкохолизирана состојба, пишува новинската агенција Макфакс.
Од министерството за внатрешни работи потврдија дека доцна ноќта на улицата „Алжирска“ се случила сообраќајна несреќа и дека возачот на возилото што ја предизвикало несреќата избегал од местото на настанот.
Сомневањата се дека џипот е на Агенцијата за вработување, а оти бил возен од актуелен заменик-министер.



