Вести
Почна примената на електронските картички во јавниот превоз
Корисниците на јавниот превоз од почетокот на годинава треба задолжително да поседуваат електронска картичка и за возење во возилата на приватните превозници.
– Електронската картичка може да се набави во сите продажни места на ЈСП Скопје, на дополнителните продажни места од мрежата за продажба на 50 различни локации и во сите автобуси на ЈСП Скопје и приватните превозници, информира Град Скопје.
Со влегувањето во сила на интегрираниот тарифен систем, Град Скопје донесе одлука за промотивен период од еден месец, при што со секоја купена неперсонализирана електронска картичка следуваат пет гратис возења.



