Актуелно
15 години КаСис создава врвни услови за развој на е-трговијата
КаСис АД Скопје, единствениот процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички, одбележа 15 години развој и иновации во системот за е-трговија.
Во ноември 2007 година беше реализирана првата трансакција со платежна картичка во е-продавница на системот за електронска трговија cPay на КаСис. Во 15-те години по првата екомерц трансакција КаСис изгради долготрајното партнерство со три банки, 2 финансиски друштва, 1100 е-трговци, а резултатот се над 5.500.000 трансакции.
На настанот присуствуваа пионерите во доменот на е-трговијата, компаниите со најуспешните е-продавници, претставници на банките и бизнис секторот. Присутните ги поздрави Филомена Пљаковска-Аспровска , претседателка на Управниот одбор и главна извршна директорка на КаСис АД Скопје, која се осврна на постигнувањата на компанијата особено во доменот на едукација на граѓаните за користење на електронските платежни канали, иновациите кои КаСис секогаш ги носи на македонскиот пазар и безбедноста на трансакциите како врвен приоритет.


