Актуелно
Почна реконструкцијата на булеварот „Јане Сандански“
Денеска, 13.8.2015 година, почна реконструкција на булеварот „Јане Сандански“ на потегот од катната гаража „Илинден“ до крстосницата со улицата Васко Карангелевски.
Сообраќајницата на овој потег ќе се реконструира во должина од 475 метри, во двете насоки. Во текот на градежните работи на булеварот „Јане Сандански“ ќе се отстрани постојниот оштетен асфалтен слој (од двете страни на сообраќајницата), ќе се нивелираат 37 шахти и сливници, ќе се заменат оштетените рабници, а на местата каде што ќе се јави потреба ќе се обнови и носечкиот слој. На површина од околу 9.000 квадратни метри ќе се нанесе нов асфалтен слој Сплит Мастикс од еруптивно потекло којшто дава дополнителен квалитет на асфалтот.
Почетокот на градежните работи на булеварот „Јане Сандански“ го означија градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски.



