Вести
Почнува големата акција за чистење на Скопје
Градските власти денеска од општина Бутел ја почнуваат големата акција за чистење на улиците со цел намалување на загаденоста, која ќе се спроведува во сите скопски општини во период од 20-тина дена.
– Град Скопје во соработка со Агенцијата за вработување и Министерството за труд и социјална политика ангажира стотици невработени лица кои заедно со надлежните јавни претпријатија ќе ја спроведат оваа акција. Ова е една од краткорочните мерки против загадувањето на Скопје оваа зима, најави завчера на прес-конференција скопскиот градоначалник Петре Шилегов. На ангажирните лица ќе им биде обезбеден хонорар, надомест за храна и платен автобуски превоз.
Според Шилегов, загадувањето се должи и на наталожената прашина на скопските улици која, како што рече, со години стои неисчистена.



