Актуелно
Полицијата и АРМ ја контролираат состојбата со мигрантите на границата
Насловната фотографија е преземена од Ројтерс
Полицијата и војската распоредени долж границата со Грција ја контролираат ситуацијата со неколкуте илјади мигранти кои се обидуваат да влезат на македонска територија.
Состојбата повремено е напната поради обидите на некои од мигрантите да го пробијат безбедносниот кордон на граничната линија на која е поставена жичана ограда, а екипи на УНХЦР со помош на преведувачи на арапски јазик се обидуваат да ја смират масата.



