Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Помал наплив на мигранти на северната граница

Актуелно

Помал наплив на мигранти на северната граница

Жителите на маалото Сланиште лоцирано на крајот од кумановското село Табановце, над железничката пруга, информираат дека изутринава и вчера нема наплив на илегални мигранти.

Тие велат дека откако екипите на Црвениот Крст и на УНХЦР ги поставиле монтажните објекти, мигрантите не минуваат во голем број по нивите, односно илегалните патишта кои водат кон соседна Србија.

Жителите на Сланиште велат дека се чувствуваат побезбедно откако вчера беше прогласена кризна состојба поради напливот на мигранти. Жителите и граѓанските активисти од повеќе невалдини организации кои беа лоцирани на ова подрачје, потврдуваат дека вчера пристигнал еден воз од Гевгелија околу 13 часот.

Од Итната помош Куманово изутринава потврдија дека вчера не интервенирале на Железничката станица во Табановце. Од општинската организација на Црвениот крст Куманово информираат дека нивни активисти помагаат на јужната граница и дека на Железничкиот премин Табановце нема потреба од поголема ангажираност, бидејќи нема наплив на мигранти.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.