Актуелно
Попладне локален дожд, грмежи и засилен ветер
Променливо облачно време со локален пороен дожд и грмежи за денеска попладне најавува Управата за хидрометеролошки работи.
Кон крајот на денот, а особено во ноќните часови ќе има поинтензивна нестабилност, проследена со пообилни поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме со силни електрични празнења и појава на град.
Во текот на утрешниот ден ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на места со поројни врнежи од дожд и грмежи, особено претпладне во источните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен југозападен ветер, особено во западните делови каде на моменти ќе достигнува брзина околу 70 килоометри на час.



