Актуелно
Тројца потешко повредени во сообраќајка кај Кавадарци
Три лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа која доцна попладнево се случи на патот од Кавадарци кон мотел Дреново, на патот Градско-Прилеп.
Информацијата ја потврдуваат како од територијалната противпожарна единица од Кавадарци, така и од итната медицинска помош од овој град.
– Интервениравме бидејќи еден од повредените беше приклештен во возило кое од ударот беше исфрлено на тешко пристапен дел, па моравме да го извлечеме. На лице место бевме тројца пожарникари со едно возило, велат од противпожарната служба за МИА.



