Актуелно
Попладнево земјотреси во Скопје и Свети Николе
Земјотрес со магнитуда од 2,4 според Рихтеровата скала попладнево во 15:56 часот е регистриран во Скопје и околината.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје информира дека епицентарот бил во источниот дел на скопското епицентрално подрачје и оти е почувствуван со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала.




