Актуелно
Попладне заладување на времето
Нашето подрачје денеска постепено потпаѓа под влијание на циклонска активност и влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот, која попладне ќе предизвика на повеќе места нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти Управата за хидро-метеоролошки работи (УХМР).
Повеќе врнежи се очекуваат во вечерните и ноќните часови во западните делови. Количината на наврнат воден талог ќе биде умерена. Ќе дува слаб а попладне повремено умерен ветер од југозападен правец. Во Скопје кон крајот на денот ќе има услови за развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи.
– Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја. Да се преземат соодветни активности за заштита од поплави, препорачуваат од УХМР.



