Вести
Поради магла откажани летови и намалена видливост на патиштата
Маглата во Скопската котлина го отежна одвивањето на авиосообраќајот, како и на патниот сообраќај. На аеродромот „Александар Велики“ во Скопје не се реализирани летовите од и за Истанбул, како и полетувањата за Загреб и Барселона, покажуваат податоците од веб страницата на концесионерот на аеродромот ТАВ Македонија.
Според Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), магла со видливост од 50 до 100 метри има на патните правци Тетово, Скопје и Катланово.
Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози.


