Вести
Променливо облачно, по котлините магла
Времето ќе биде променливо облачно со повеќе сончеви периоди во крајните западни делови, а во источните делови ќе има и појава на краткотраен дожд. Наутро по котлините ќе има магла и намалена видливост. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец повеќе застапен во југозападните делови.
Утринската температура ќе се движи од минус три до три, а дневната од седум до 13 степени.
Во Скопје слично време, изутрина магливо и тивко, преку денот променливо облачно. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.



