Вести
Посебен сообраќаен режим за Велигден во Центар, Ѓорче Петров и Аеродром
За велигденските празници, односно на ден Велигден сообраќајната полиција при СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќај за одредени сообраќајници во централното градско подрачје на град Скопје, како и во општините Ѓорче Петров и Аеродром.
Како што соопшти МВР, во периодот од 18,00 часот до завршувањето на чествувањето на празникот за време на централните верски манифестации во центарот на град Скопје за сообраќај ќе бидат затворени: бул.„Партизански Одреди” од крстосницата со ул.„Аминта Трети” до крстосницата со бул.„ВМРО”; потоа бул.„Св.Климент Охридски” од крстосницата со бул.„Илинден” до крстосницата со ул. „Димитрије Чуповски”.
Исто така, автобусите од јавниот градски сообраќај, кои што поминуваат преку мостот „Гоце Делчев”, трасата на движење им се менува и ќе се движат по бул.„Илинден”, и преку ул.„Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.„Партизански Одреди”, додека автобусите кои што поминуваат преку центарот на градот, трасата на движење им се менува и ќе се движат по ул.„М.Т.Гологанов”, па преку ул.”Франклин Рузвелт” ќе се вклучуваат на бул.”Партизански Одреди”. И во спротивна насока автобусите ќе ги користат истите сообраќајници.



