Вести
Посебен сообраќаен режим поради Скопскиот маратон
Поради „Виз Ер Скопски Маратон 2018“, организиран од Сојузот на спортови на Скопје на кој учествуваат околу 10.000 натпреварувачи од педесетина земји, денеска одредени сообраќајници се забранети за сообраќај.
Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје презема мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на градот.
МВР соопшти дека за трката на 5.000 метри предвидена е траса на движење преку плоштад Македонија, преку Камени мост лево покрај новиот театар, па лево преку мостот Гоце Делчев до бул.Илинден и по него лево по улиците „Рузвелтова“, „М.Т.Гологанов“, „Димитрие Чуповски“, „11-ти Октомври“ и пред Порта Македонија се врти лево на плоштад Македонија каде е целта.



