Вести
СКОПЈЕ ВО РИТАМОТ НА МАРАТОНОТ: Рекордни 10.000 маратонци од 58 земји трчаат низ скопските улици
Утринава беше означен стартот на 14-от Виз Ер Скопски маратон на кој оваа година пријавени се рекордни 10.000 маратонци од 58 земји од светот.
Маратонот, полумаратонот и штафетниот маратон почнаа во 8:30 часот, а трката од 5 км во 8:40 часот. Стартот на трките беше пред Порта Македонија.
На маратонот годинава присуствува и ексклузивната гостинка, светската рекордерка, Пола Редклиф.



