Актуелно
Пожар во хотелот „Кристал“ во Куманово
Екипите на територијалната противпожарна единица Куманово речиси еден час го гасеа пожарот што избувна претпладнево околу 11 часот на последниот кат од поранешен хотел „Кристал“ во строгиот центар на Куманово.
Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека на пожарот интервенирале со едно противпожарно возило и со петмина пожарникари.
Во пожарот причинета е незначителна материјална штета, бидејќи биле зафатени ќебиња и чаршафи, дрвени сталажи на кои имало поставени материјали за работа, претежно текстил.



