Вести
Празнична прогноза: Денеска сончево и топло, од понеделник до 32 степени
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец кој повеќе ќе биде изразен во западните делови од земјава.
Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 19 до 23 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 23 степени.


