Актуелно
ПРАЗНИЧНА ПРОГНОЗА: Облачно со повремен дожд – од недела пад на температурата
Времето ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец.
Утринската температура ќе се движи од четири до 10, а дневната од 14 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со услови за сосема слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до околу седум, а дневната ќе достигне до 17 степени.


