Актуелно
ПРАЗНИЧНА ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и многу топло – од вторник дожд и заладување
Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 9.
Утринските температури ќе се движат во интервалот од 13 до 21 а дневната највисока температура од 29 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло, со мала облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе биде 18, а дневната ќе достигне до 33 степени.


