Актуелно
Преспа ги надмина рекордите на посетеност
Сместувачките капацитети на Преспанското крајбрежје се исполнети. Според првиот дел од оваа летна туристичка сезона, годинава ќе бидат срушени сите рекорди по посетеност во Преспа во последните дваесет години, оцени градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски.
Причина за тоа, според него, се убаво уредените и современо опремени плажи на брегот на Преспанскот Езеро, но и ниските цени во угоститлските објекти.
– Убаво уредените и современо опремените плажи на Преспанското крајбрежје, каде покрај постоечките во функција се ставија две нови и тоа во Стење и во Сливница, но и ниските цени на угостителските услуги само по себе доведува до зголемен број на посетители од околните населни места во пелагониоскиот регион, цела држава, а посебно од дијаспората, вели Стрезовски.



