Вести
Препораки до граѓаните за прославите на празниците
Умерено да се користат алкохолни пијалоци за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хроничните болни редовно да ја земаат терапија, а оние кои постеле да внимаваат со внес на храна, препорачува службата за Итна медицинска помош во пресрет на Нова година и божиќните празници.
Посебно се апелира до младата и малолетна популација да не користи алкохолни пијалоци заради нискиот праг на толеранција кон алкохолот, како и да се воздржат од користење разни пиротехнички средства и огнострелно оружје со што ќе се избегнат несакани повреди, изгореници и други потешки последици.
Службата за Итна медицинска помош со домашно лекување во состав на ЈЗУ „Здравствен дом на Скопје” – Скопје најави дека за новогодишните празници ќе се грижи за здравствената состојба на граѓаните во текот на 24 часа.



