Вести
Претпладне сончево, попладне зголемена облачност
Претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови облачноста ќе се зголемува и во западните делови ќе има услови за појава на слаб краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до девет, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови со зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен претежно јужен ветер.


