Актуелно
Повремени поројни врнежи во текот на денов
Северозападниот дел од Македонија (полошкиот регион и Скопската котлина) утрово е зафатен од поголема влажна и нестабилна воздушна маса, која услови врнежи од дожд од пороен карактер проследени со ретки грмежи.
– Според радарските и сателитските слики, оваа маса се движи кон исток. Во Скопската котлина наскоро врнежите ќе ослабнат по интензитет меѓутоа по извесно време се очекува повторно поинтензивен дожд, повремено пороен со ретки грмежи. Набрзо врнежи од дожд ќе има и во југозападните делови од земјата, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Околу пладне ќе има престанок на врнежите скоро насекаде, а повторно ќе се интензивираат попладне и во вечерните часови, особено во источните и југоисточните делови.


