Вести
ПРОДОЛЖЕН ВИКЕНД: Облачно со врнежи од дожд и заладување
Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, особено во западните делови.
Попладне и во вечерните часови можно е дождот краткотрајно да биде пороен и проследен со ретка појава на грмежи. Ќе дува умерен, на места повремено засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од седум до 13, а дневната од 21 до 27 степени.



