Вести
СДСМ: Следува избор на нова влада
Парламентарното мнозинство согласно Уставот, законите и Деловникот, во легална и легитимна процедура, на мирен начин, пред целата македонска и светска јавност, избра нов претседател на Собранието, наведува СДСМ во денешното соопштение до медиумите.
– Го направивме првиот чекор од остварувањето на изборната волја на 700 илјади граѓани. Изборот беше поздравен од нашите стратешки партнери САД, од ЕУ и од целата демократска јавност. Сега Трајко Вељаноски треба да му ја предаде функцијата и да продолжат демократсите процедури со давање на мандатот за состав на нова Влада, се вели во соопштението.
Според СДСМ, парламентарното мнозинство е одлучно за воспоставување на функционални институции, демократија и правда во Република Македонија.



