Вести
ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: Облачно со повремен дожд – утре снег на повисоките места
Во Македонија под влијание на влажен и студен воздушен бран ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни, (над 30 л/м2) особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи.
Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.
Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 13 до 18 степени.


