Вести
Од утре повремени врнежи од дожд и пад на температурите
Под влијание на влажен и студен воздушен бран од утре ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни и ќе достигнат над 30 литри на метар квадратен, особено во источните и југоисточните делови од земјава каде локално ќе бидат проследени и со грмежи.
Во текот на денот ќе дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот ќе го промени правецот во северен.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, утре температурата ќе биде од шест до 18 степени, во Скопје од 8 до 16 степени.



