Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Променливо облачно и студено со провејување на слаб снег

Вести

Променливо облачно и студено со провејување на слаб снег

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со умерен северен ветер. На места повремено ќе провејува снег, а максималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5 степени. Во Скопје, променливо облачно со умерен северен ветер, максималната температура ќе достигне до 4 степени, информираат од УХМР.

Преку ноќта и утрово времето беше облачно и студено, во западните делови со локални врнежи од снег, кои во Пелагонија беа со умерен интензитет. Дуваше умерен ветер, кој во Штип достигнуваше брзина до 40 километри на час.

Во наредните денови ќе преовладува стабилно време, освен во сабота, кога кон крајот на денот во југозападните делови ќе има слаби врнежи од дожд и снег.

Утринските температури до сабота насекаде ќе бидат под нула, додека дневните ќе бидат во постепен пораст, особено од недела, велат синоптичарите.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.