Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пронајдени човечки черепи и коски во дворот на Ахмети во Зајас

Актуелно

Пронајдени човечки черепи и коски во дворот на Ахмети во Зајас

Во дворот на куќата на семејството на лидерот на ДУИ Али Ахмети во село Зајас, пронајдени се човечки черепи и коски од екстремитети за кои се претпставува дека се од масовна гробница од 1913 година. 

Коските се пронајдени во ексхумацијата на гробницата што започнала вчера. На местото на настанот денеска излегле и преставници од Јавното обвинителство од Гостивар кои извршиле увид. Се очекува да почне истрагата за расветлување на случајот.

Кординаторот на тимот за ексхумација Мусли Муслиу денеска изјави дека се претпоставува оти остатоците се од 1913 година, а дека телата првично биле запалени па потоа затрупани во стар напуштен бунар. Тој исто така посочи оти луѓето кои се во масовната гробница претежно се жители од тој крај, и според првичните сознанија најверојатно станува збор за 10 до 60 луѓе.

Муслиу меѓу другото информира дека уште од 2013 година почнала истрагата за постоење на евентуални масовни гробници во овој регион.

Детали за ексхумацијата се очекува да соопшти Јавното обвинителство во Гостивар.

Прочитај повеќе

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.