Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ФИЛИПЧЕ: Тројца пациенти ќе ги примат органите од младата почината жена

Актуелно

ФИЛИПЧЕ: Тројца пациенти ќе ги примат органите од младата почината жена

ФИЛИПЧЕ: Тројца пациенти ќе ги примат органите од младата почината жена

Тројца пациенти ќе ги примат донираните органи од младата пациентка кај која настапила мозочна смрт, а доцна синоќа, како што објави министерот за здравство Венко Филипче, веќе била направена експлантацијата на срце и бубрези од млада пациентка кај која била дијагностицирана мозочна смрт.

– „Постапката за трансплантација на срцето и бубрезите ќе започне после полноќ, по што ќе следи експлантацијата на коскени ткива. Екипите за трансплантација од повеќе клиники работат веќе неколку часа на подготовка на донорот и реципиентите. Болничките координатори од КАРИЛ заедно со Министерството за здравство ја водат целата постапка. Инаку ова е трета трансплантација од јануари и петта во изминатава година. Голема благодарност на семејството за несебичниот гест. Со нивната хуманост спасија три животи и подарија надеж за подобар живот на неколку пациенти кои се лекуваат на Клиниката за ортопедија.“, напиша министерот на ФБ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.