Актуелно
Прскање на улиците во Скопје за намалување на загаденоста на воздухот
Градот Скопје денеска почнува со третирање на градските улици со средството калциум магнезиум ацетат како една од мерките за намалување на загадувањето на воздухот.
Прскањето ќе започне на крстосницата на булеварот „Свети Климент Охридски“ со улицата „Свети Кирил и Методиј“, а според најавите од Градот, со овој процес ќе бидат опфатени булеварот „Свети Климент Охридски“ и улиците „Свети Кирил и Методиј“ и „Јордан Мијалков“.
Станува збор за средство што се користи за контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките) и за стабилизација на патиштата.



