Вести
Првиот ден од март облачно со сончеви периоди
Во Македонија денеска ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Во претпладневните часови во југозападните делови од земјава ќе има слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринската температура ќе достигне до пет, а дневната до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе достигне до 13 степен.


