Вести
Руската истрага проверува најмалку пет верзии за убиството на Немцов
Руската истрага проверува најмалку пет можни верзии за убиството на опозицискиот политичар Борис Немцов, соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација.
Меѓу нив се провокација со цел дестабилизација на политичката состојба во земјата, трговска дејност, лична пресметка, поврзаност со случувањата во Украина и исламистичко-екстремистичка операција.
– Што се однесува до мотивите за злосторството ликот на Немцов можеби станал своевидна сакрална жртва за оние, кои не се воздржуваат од какви било методи за постигнување на своите политички цели. Детално се истражува и верзијата за евентуална исламистичко-екстремистичка операција. Истрагата располага со докази дека Немцов добивал закани поради ставот во однос на убиствата во редакцијата на сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во Париз, се наведува во соопштението на Комитетот.



