Вести
Првото бебе во 2018, малата Теодора, доби штедна книшка од Град Скопје
Првороденото бебе во 2018 година во Скопје денеска доби штедна книшка со 20 илјади денари. Бебето и мајката на Клиниката за гинекологија и акушерство ги посетија министерот за здравство Венко Филипче, министерката за труд и социјална политика Мила Царовска и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов.
Градоначалникот Шилегов изјави дека традиционално на најмладата скопјанка, малата Теодора и подариле мече и штедна книшка.
– Горд сум што можев да им го честитам на родителите нивното второ дете. Посакавме тоа мало девојче да израсне во голема девојка и да биде дел од Градот Скопје, истакна Шилегов.




