Актуелно
Пуштена во употреба катната гража „Тодор Александров“
Премиерот Никола Груевски денеска ја пушти и официјално новата катна гаража „Тодор Александров“ во центарот на Скопје и им го честитка на големиот број присутни Денот на независноста на Македонија.
Можноста да го празнуваме овој голем празник, како и можноста да живееме и твориме во слободна, суверена и независна држава, нагласи тој, е токму благодарение на големите дела кои што ни ги оставиле претходните генерации. Што ќе оставиме ние за следните генерации, подвлече, зависи од нас.
– Токму затоа, преку празнување на ваквите големи празници, во изминатите неколку години воведовме пракса симболично да ги означуваме и делата кои ги остава оваа наша генерација. Нашите дела се наши честитки до граѓаните во вид на фабрики, нови работни места, патишта, булевари, водоводи, училишта, катни гаражи, музеи, театри, болници и многу други дела кои сме ги ветиле, истакна премиерот Груевски.



