Актуелно
„Јапан тајмс“ со специјален текст за независноста на Македонија
Во најтиражниот весник на англиски јазик во Јапонија „Јапан Тајмс“ денеска е објавен специјален текст по повод независноста на Република Македонија.
„Јапан Тајмс“ излегува и се распространува заедно со New York Times International во преку 38 земји.
Како што соопшти Амбасада на Република Македонија во Јапонија, ова е прв пат овој весник да објави текст за Република Македонија, во позитивна светлина и во пресрет на нашиот голем национален празник.



