Актуелно
Пуштени во употреба нов плоштад и катна гаража во центарот на Скопје
Нов плоштад „Мајка Тереза“ и нова катна гаража „Кресненско востание“ беа пуштени во употреба денеска во центарот на Скопје.
Со плоштадот партерно се уредува просторот околу новите градби на левиот кеј на Вардар од потегот кај МНР до Камениот мост, а со катната гаража, која е со површина од околу 20 илјади метри квадратни, се обезбедуваат нови 440 паркинг места во строгиот центар на градот.
– Со изградбата на овој плоштад, инвестиција од околу 4,5 милиони евра, целокупниот простор во кој изминатите години се градеа нови објекти, денес се заокружува и добива своја нормална и естетска целина. Целокупниот простор кој беше едно градилиште сега е претворен во едно големо шеталиште, истакна премиерот Никола Груевски на пуштањето во употреба на плоштадот и гаражата.



