Вести
Распишан е рефендумот на кој граѓаните ќе се изјаснат за промена на името на државата
Распишан е референдумот за името на кој, согласно со одлуката која Собранието ја изгласа вчера, граѓаните на Македонија на 30 септември 2018 ќе треба да се изјаснат за прашањето: „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“. Одлуката беше изгласана без присуство на пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
За спроведување на референдумот веќе е функционална и Државната изборна комисија (ДИК), откако новоизбраните членови дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери.
Според ВМРО-ДПМНЕ, референдумското прашање е непрецизно, повеќезначно и манипулативно за јавноста. Опозициската партија смета дека со тоа што е консултативен, наместо обврзувачки, се отвора можност резултатот од референдумот да се толкува како што се сака.



