Актуелно
Референдум во Центар: Во понеделник започнува кампњата „Излези за ГТЦ!“
Во понеделник, 6 април, во 20 ч. во паркот “Жена – Борец” официјално започнува камапањата „Излези за ГТЦ!“ во организација на иницијативата #ГоСакамГТЦ.
На овој прв собир со граѓаните активистите на „Го сакам ГТЦ“ ќе ги повикаат граѓаните на Центар да гласаат за задржување на автентичноста на симболот на Скопје на претстојниот референдум во Општина Центар.
На настанот ќе говорат архитекти и активисти, а ќе има и богата музичка програма од музичари – поддржувачи: Ана Костовска и Симон Киселички, The John, Џака Накот, Бон Праскиза и Donplaya и други.



