Вести
РСБСП: Граѓаните да не возат во алкохолизирана состојба
Возењето во алкохолизирана состојба е една од водечките причини за сообраќајни незгоди со загинати и со повредени лица, потсетуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) и во пресрет на новогодишните празници апелираат граѓаните да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол.
Притоа од РСБСП, покрај за опасноста од управувањето моторни возило под дејство на алкохол и за предвидените законски санкции за пијаните возачи, ги потсетуваат возачите и на законските санкции.
Оттаму посочуваат возачите секогаш да имаат на ум дека алкохолот сериозно ги намалува возачките вештини, делува на централниот нервен систем и ја намалува способноста за рационално расудување, дека лицата во алкохолизирана состојба, особено младите, се склони кон преземање ризик и кон агресивно однесување во сообраќајот.



